База на податоци за згради, фасади, скулптури, споменици, фонтани и други видови објекти финансирани од јавни пари, кои го сочинуваат новиот лик на Скопје.
Споменикот на Димитрија Чуповски е поставен во 2011 година во рамките на Програмата на општина Центар за одбележување значајни настани и личности со спомен обележја.
Статуата на Чуповски е поставена на седми мај, во ист ден со уште три обележја: на основоположникот на македонската литература Крсте Петков Мисирков, Ѓорѓија Пулески и споменикот „Бранители на Македонија“.
Автор на бронзениот споменик на македонскиот деец, поставен на плоштадот „Македонија“ е Мирослав Славковиќ.
Надоместокот за изведба на споменикот е добиен по пат на преговарање со авторот, при што е договорена сума од 57.000 евра за идеен проект, модел на скулптурата и за придружна содржина.
Леењето на скулптурата и на релјефите во бронза е доделено на леарницата „Јеремиќ“ од Србија.