Само неколку дена пред заминувањето на Владата на ВМРО ДПМНЕ потпишан е договор за изградба на нов објект на Драмски театар во Скопје.

Првично објектот требаше да се гради преку модел на јавно-приватно партнерство, меѓутоа и кај овој објект не е најден партнер и Министерството за култура во мај 2015 година поништи последниот конкурс за барање приватен инвеститор, ја презеде обврската за градба и две години подоцна во екот на преговорите за формирање нова Влада потпиша договор за градба со градежната компанија Бауер БГ.

Објектот треба да биде висок 35 метри, а ќе се протега на површина од над 33 илјади квадратни метри. Долниот дел ќе биде наменет за театарот, а горниот дел ќе биде наменет за деловни објекти на приватниот партнер. Предвиден е и паркинг простор за 204 возила.

Автори на идејното решение за објектот Драмски театар се архитектите Емил Јагени, Елена Икономов, Јасна Милојковиќ и Билјана Стојменовска од студиото „Платформа“.

Достапни податоци за објектот

Вредност во евра:
10.784.605 €
Вредност во денари:
663.253.234 ден.
Вид на објект:
Зграда
Статус:
Во тек
Документација:
Преземете документи

Местоположба на објектот