База на податоци за згради, фасади, скулптури, споменици, фонтани и други видови објекти финансирани од јавни пари, кои го сочинуваат новиот лик на Скопје.
Брознената скулптура на Ѓорѓија Пулески, дел од анимацијата за проектот „Скопје 2014“, е поставена од левата страна на Вардар, до Камениот мост, во ист ден со уште три скулптури на македонски дејци на 7 мај 2011 година.
Автор на скулптурата на галичкиот преродбеник е Сретко Јовановски, на кој, според отчетот на тогашниот градоначалник на општина Центар, Владимир Тодоровиќ, му биле исплатени 60.000 евра. Во таа сума, според истиот извор, се вбројува авторскиот хонорар од 16.000 евра, а остатокот за други трошоци.
Станува збор за редовна практика при склучувањето на договорите со авторите на скулптурите во рамките на проектот да им бидат префрлени средства со нејасна формулација „предмер-пресметка“ во која спаѓаат ставки како што се: авторски хонорар, материјали, работници, моделирање, простор и слично.
На ова како проблематична постапка се посочува и во вториот ревизорски извештај за фактичката состојба за реализацијата на проектот „Скопје 2014“ преку општина Центар на Слаѓана Тасева и на Драган Малиновски.
Тие тврдат дека се работи за „паушална, непроверлива и крајно нејасна постапка која претставува вистинска енигма и простор за сериозни манипулации“.
Истиот извор за скулптурата на Пулевски наведува дека изборот на леарницата е направен меѓу пет понуди, а како што се гледа и во склучениот договор, главен критериум бил - најниската цена што ја понудила леарницата „Јеремиќ“ од Србија.