Катната гаража „Македонска фаланга“ е лоцирана во централното градско подрачје, на местото на стариот Цветен пазар, во непосредна близина на Музејот на Град Скопје.

Наспроти името кое го носи, објектот има модернистичка фасада изработена од префабрикувани алуминиумски елементи поставени на дистанцери и оддалечени 50 сантиметри од карабината.

Нејзин авотр е Милан Мијалковиќ од австриската фирма „ППАГ“.

Оваа катна гаража доби најмногу гласови на интернет гласањето за архитектонската награда „Архитајзер“ што ја доделува истоимената платформа за архитектура и дизајн која дава признанија за најдобрите архитектонски решенија и простори.

Објектот е дел од акцискиот план за изградба на катни гаражи, склучен меѓу Владата на Република Македонија, Град Скопје и општина Центар.

На свеченото пуштање во употреба во септември 2013 година, присуствувааше речиси целиот државен врв, премиерот Никола Груевски, претседателот на Собранието Трајко Вељаноски, вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, министри, пратеници и градоначалникот Коце Трајановски и претставници од Град Скопје.

Гаражниот објект е со капацитет од 445 паркинг места, а достапни се 17 паркинг места за лицата со посебни потреби.

Достапни податоци за објектот

Вредност во евра:
11.153.562 €
Вредност во денари:
685.944.062 ден.
Вид на објект:
Катна гаража
Статус:
Завршен
Документација:
Преземете документи

Инвеститори и изведувачи

Местоположба на објектот