База на податоци за згради, фасади, скулптури, споменици, фонтани и други видови објекти финансирани од јавни пари, кои го сочинуваат новиот лик на Скопје.
Одлуката за градење нова Универзална сала на местото на стариот објект е соопштена за време на локалните избори 2013 година, во присуство на тогашниот кандидат на ВМРО ДПМНЕ - Коце Трајановски.
Во декември истата година, стручна комисија, меѓу десет канидати на огласот на Министерството за култура, го избра идејното решение на архитектите Стојан Павлевски и Иван Симеонов од „Стоун дизајн“, оценувајќи го како „модерен барок“. Три години подоцна Министерството за култура и Град Скопје се откажаа од проектот заради економски причини и задржување на автентичниот изглед на објектот.
„Старо-новата Универзална ќе биде налик на постојната, ќе се задржи куполата, ќе има дополнителни сали и ќе се реши паркирањето. Ќе добиеме модерен и функционален објект", изјави во февруари градоначалникот Трајановски.
Реконструктивниот зафат ќе го чини државниот буџет околу 15 милиони евра,додека јајцевидното здание требаше да чини до 65 милиони евра.
Објектот ќе се догради и прошири врз основа на идејното решение избрано пред осум години, изработено од ‘Архангел бојс‘ и тоа не е во „барокен“ стил, соопштија од Конгресниот центар.
Универзална сала на почетокот на 2015 е преименувана во Конгресен центар „Александар Македонски“.