Новиот објект на Министерството за финансии, наречен Палата „23 Октомври“, е пуштен во употреба во август 2014 година.

Станува збор за зграда која долго време беше карабина на некогашна „Југобанка“ во строгиот центар на градот. На свеченото пуштање во употреба, премиерот Никола Груевски изјави дека станува збор за инвестиција од 15 милиони евра и дека до неа се стигнало со многу работа и посветеност.

„Првично, се заштедува на закупнина на сите објекти во кои досега функционираа институциите на Министерството за финансии. Годишно за оваа намена беа исплаќани 600.000 евра“ , изјави Груевски.

Според министерот Ставревски во зградата се вградени најсовремени материјали за изолација, независен систем на затоплување и ладење со клима комори и стакло со високосоларен коефициент на трансмисија, поради што спаѓа во групата „смарт“ згради - насочена кон заштеда на енергија и заштита на околината.

Со својот изглед на барокна монументалност, новиот објект на Министерството за финансии не отстапува од доминантниот стил на „Скопје 2014“.

Достапни податоци за објектот

Вредност во евра:
16.219.764 €
Вредност во денари:
997.515.469 ден.
Вид на објект:
Зграда
Статус:
Завршен
Документација:
Преземете документи

Местоположба на објектот