Мостот „Око“ е пешачки мост, изграден веднаш до Камениот мост и го поврзува кејот со Археолошкиот музеј и Уставниот суд.

Пуштен во употреба во јуни 2013 година, две години подоцна мостот стана тема во медиумите поради фотографиите кои покажуваат дека мермерните огради му се распукани.

Претходно, уште додека се градеше, темелите му беа поплавени, а експертите укажуваа на сериозни технички пропусти и недостатоци во самиот дизајн на мостот, предупредувајќи дека во иднина може да биде загрозена неговата статика.

Од документацијата на тендерската постапка за изградба на овој, како и на „Мостот на уметноста“, се гледа дека општина Центар преку својот буџет ја организирала и ја реализирала градбата на двата пешачки моста, што се посочува во извештајот за ревизија на учеството на општината во објектите на „Скопје 2014“ како преземање на активности кои „не спаѓаат во надлежност на општина Центар туку одржување и користење на речните корита во урбанизираните делови на градот е надлежност на Град Скопје“.

Мостот „Око“ во септември 2009 година, почна да го гради хрватската фирма „Конструктор“, со која општина Центар го раскина договорот поради пролонгирање на рокот за изградба, па објектот го догради македонската компанија „Бетон“.

Достапни податоци за објектот

Вредност во евра:
2.750.107 €
Вредност во денари:
169.131.603 ден.
Вид на објект:
Мост
Статус:
Завршен
Документација:
Преземете документи

Инвеститори и изведувачи

Местоположба на објектот