База на податоци за згради, фасади, скулптури, споменици, фонтани и други видови објекти финансирани од јавни пари, кои го сочинуваат новиот лик на Скопје.
Споменикот на поетот и револуционер Никола Јонков Вапцаров е поставен во паркот веднаш пред зградата на општина Бутел.
Бронзената скулптура е висока 5 метри, поставена на триметарски постамент.
Споменикот е поставен во паркот „Живко Брајковски“, веднаш пред новата општинска зграда.
Автор е Мирослав Станковиќ, кој се потпишува и зад споменикот на Димитрија Чуповски, поставен во општина Центар, како и на лавовите на Колонадата.
Одлуката за ова спомен-обележје е донесена во февруари 2010 година од страна на советницита на општина Бутел. Тогаш беше соопштено дека во финансирањето на споменикот ќе учествува и Министерството за култура.
Според општината, паметникот на Вапцаров чини нешто над седум милиони денари, а според отчетот за потрошеното во рамките на „Скопје 2014“ на министерката за култура Елизабета Канческа – Милевска, за овој споменик се потрошени десет милиони денари.