Споменикот на Никола Карев пред Собранието на Република Македонија, е најавен на промотивното видео за „Скопје 2014“.

Македонскиот херој и претседател на Крушевската Република е претставен качен на коњ, на постамент на кој се поставени четири релјефи со мотиви од македонската историја.

Споменикот е висок седум метри, а поставен е во септември 2011 година.

На конкурсот за идејно решение прва награда од 300.000 ден. има добиено Благоја Анѓелкоски, втора награда од 200.000 ден. има добиено Ѓорѓи Димовски, а трета од 100.000 ден. - Боро Митриќески. Откупни награди од 50.000 денари заедно добиле Дарко и Елена Дуковски и Александар Ивановски - Карадаре.

Овој споменик е еден од посочените примери за пречекорувањата на првите пресметки за вредноста на еден објект во ревизијата направена на барање на општина Центар за спроведувањето на проектот „Скопје 2014“.

„Споменикот на Никола Карев според документацијата и договорот е изведен во бронза. Основниот договор бил дека вреди 5 милиони денари, но подоцна со одлука на градот е донесено ново решение за измена и дополнување на претходното,по што вредноста се зголемува на 45 милиони денари. Образложението е дека овој споменик треба да се изработи во мермер“, се вели во извештајот на Слаѓана Тасева и Драган Малиновски.

Таму исто така се посочува дека понудата на леарницата „Маринели“ била прифатена, иако била за 117% повисока од онаа на „РЖ Институт“ Скопје.

Достапни податоци за објектот

Вредност во евра:
883.065 €
Вредност во денари:
54.308.500 ден.
Вид на објект:
Споменик
Статус:
Завршен
Документација:
Преземете документи

Инвеститори и изведувачи

Местоположба на објектот