Ограда на Владата од ковано железо помеѓу бетонски столбови, висока над две метри, се постави во 2015 година.

Видоизменетото здание на некогаш модернистичкиот објект на Владата, според планот треба да биде целото заобиколено со метална ограда, што предизвика реакции во јавноста, но и одговор дека во оградувањето „нема ништо чудно“.

„Ниту се штитиме, ниту се криеме од некого. Нели, секоја куќа има ограда, секој двор, плац е ограден, па, така, нормално е и околу овој објект да се постави ограда“, ја пренесоа медиумите изјавата на Васе Доневски, директор на владината Служба за општи и заеднички работи.

Оградата на Владата, според договорот склучен на 13 март 2015 година, ја гради скопската градежна компанија „Бауер БГ“, која беше ангажирана на повеќе проекти финансирани од државата, меѓу кои и реконструцијата на фасадата на владиниот објект и новата ограда на мостот „Гоце Делчев“.

Достапни податоци за објектот

Вредност во евра:
706.607 €
Вредност во денари:
43.456.354 ден.
Вид на објект:
Ограда
Статус:
Во тек
Документација:
Преземете документи

Местоположба на објектот