Изградбата на подземната гаража на две нивоа кај Македонската опера и балет (МОБ) доцни речиси две години.

Договорот со градежната компанија „Бетон“ е потпишан во 2012 година кога беше најавено дека работите ќе завршат до септември 2013 година.

Паркингот ќе се протега на површина од 21.770 квадратни метри и ќе располага со капацитет од 845 паркинг места.

Со урбанистичкиот план е предвидено сообраќајниот пристап да биде олеснет и со новопроектирана подземна улица, која ќе се почнува од булеварот „Гоце Делчев“ и ќе минува под постојниот празен простор меѓу објектот на Македонската филхармонија во изградба и музичко – балетскиот училиштен центар „Илија Николовски – Луј“.

Од државниот буџет за новата подземна гаража кај МОБ досега се издвоија финансиски средства од над 580 милиони денари, односно околу 9,4 милиони евра.

Оваа сума ќе биде зголемена за изградба на трите излези од подземното паркиралиште што допрва треба да се градат.

Достапни податоци за објектот

Вредност во евра:
9.663.531 €
Вредност во денари:
594.307.179 ден.
Вид на објект:
Подземна гаража
Статус:
Во тек
Документација:
Преземете документи

Местоположба на објектот