Фотографија и локација на објектот не се достапни

Скулптурата „Алуминиум“ од авторот Владо Павлески е дел од акцијата на Министерството за култура за поставување 35 скулптури во централното градско подрачје.

Бронзената скулптура со димензии 200 х 130 х 115 сантиметри е прифатена од стручната комисија која ги оценуваше апликантите на Конкурсот на Министерството за култура објавен во 2008 година за разубавување на центарот на градот со десетици нови скулптури.

Освен инсталацијата „Три врби“ и Порта „Македонија“, сите други скулптури се поставени во релативно краток временски период, во текот на 2009 и на почетокот од 2010 година.

Покрај сумата за изработка на скулптурата, авторот добил и парична награда од 30.000 денари.

Достапни податоци за објектот

Вредност во евра:
32.431 €
Вредност во денари:
1.994.520 ден.
Вид на објект:
Скулптура
Статус:
Завршен
Документација:
Преземете документи

Инвеститори и изведувачи

Местоположба на објектот