Скулптурата „Балерина“ е поставена во април 2009 година во бранот на поставување скулптури, финансирани од Министерството за култура, во центарот на градот, на самиот почеток на реализацијата на проектот „Скопје 2014“.

Станува збор за три дводимензионални претставувања на силуети на балерини во различни танцови пози кои заедно создаваат еден објект. Скулптурата е поставена пред Македонската опера и балет.

Авторот Зоран Тошевски на јавниот конкурс на Министерството за култура распишан во 2008 година, ја добил можноста за изработка на оваа скулптура додека уште бил апсолвент на Факултетот за ликовни уметности.

Покрај паричната награда од 30.000 денари од конкурсот, од Министерството за култура за изработка на „Балерина“, Тошевски добил 825.195 денари или нешто над 13.000 евра.

Достапни податоци за објектот

Вредност во евра:
13.906 €
Вредност во денари:
855.195 ден.
Вид на објект:
Скулптура
Статус:
Завршен
Документација:
Преземете документи

Инвеститори и изведувачи

Местоположба на објектот