База на податоци за згради, фасади, скулптури, споменици, фонтани и други видови објекти финансирани од јавни пари, кои го сочинуваат новиот лик на Скопје.
„Бесконечна интеграла“ со димензии: 250 х 50 х 70 сантиметри, изработена од мермер, поставена во април 2009 година, е меѓу првите објекти од проектот „Скопје 2014“.
Автор на оваа скулптура, на која е претставен симболот на бесконечноста, е Сашо Саздовски кој во рамките на огласот на Министерството за култура за 35 скулптури во централното градско подрачје, добил можност за поставување две свои дела.
„Бесконечна интеграла“ е поставена на кејот „13 Ноември“ во центарот на Скопје.
Авторот добил парична награда од 30.000 денари, а за изработка на скулптурите „Бесконечна интеграла“ и „Енергетски трансфер“, вкупно биле исплатени нешто 1,3 милиони денари.