Скулптурата „Бик“ е поставена во централното градско подрачје, на улицата „Македонија“ во 2009 година, заедно со уште десетина скулптури кои беа дел од таканаречениот прв или почетен бран на проектот „Скопје 2014“.

Автор на скулпурата излеана во бронза, која е реплика на светски познатиот њујоршки „Бик“ на Волстрит, е Дарко Дуковски.

Сличноста со прочуената њујоршка статуа беше и повод за критиките за плагијат кој нема никаква симболика и врска со Скопје. Авторот пак, од своја страна, своето дело во медиумите го објаснувашe како манифестација на сила, но и древен македонски симбол на плодноста.

Како и кај другите скулптури од почетниот бран на „Скопје 2014“, цената на чинење им е далеку помала од подоцнежните.

Освен првата награда на конкурсот распишан од Министерството за култура од 30.000 денари, за изработка на оваа и на скулптурата „Градската плажа“ на истиот автор му се исплатени нешто над 50.000 евра.

За разлика од некои скулптури поставени во 2009 година, еден и пол тон тешкиот бик не е дислоциран.

Достапни податоци за објектот

Вредност во евра:
26.560 €
Вредност во денари:
1.633.440 ден.
Вид на објект:
Скулптура
Статус:
Завршен
Документација:
Преземете документи

Инвеститори и изведувачи

Местоположба на објектот