Скулптура „Чистач на кондури“ е сместена на улица „Македонија“ во 2009-тата година во рамките на првичниот бран на проектот Скопје 2014.

Автор на скулптурата висока 1,3 метри, излеана во бронза, е Елена Дуковска. Таа е една од избраните млади автори од страна на стручно жири, на конкурсот од 2008 година на Министерството за култура за поставување 35 скулптури во централното градско подрачје.

„Идејата за оваа скулптура се создаде од спомените на граѓаните од овој град и е овде да раскажува за традицијата и блиското минато и сегашноста на градот“, изјави Дуковска за весникот „Вечер“, по промоцијата на нејзиното дело.

Oсвен првата награда за идејно решение во висина од 30.000 денари, за самата изработка на скулптурата, Министерството за култура ѝ исплатило повеќе од 21.000 евра.

Достапни податоци за објектот

Вредност во евра:
21.783 €
Вредност во денари:
1.339.680 ден.
Вид на објект:
Скулптура
Статус:
Завршен
Документација:
Преземете документи

Инвеститори и изведувачи

Местоположба на објектот