База на податоци за згради, фасади, скулптури, споменици, фонтани и други видови објекти финансирани од јавни пари, кои го сочинуваат новиот лик на Скопје.
Скулптурата „Две форми“ од авторот Ангел Димовски - Чауш е дел од проектот „Скопје 2014“, кога во 2009 година во централното градско подрачје се поставени десетици скулптури.
Оваа апстрактна алуминиумска скулптура поставена е пред скопската гимназија „Јосип Броз Тито“. Заедно со постаментот е од висока два и пол метри.
Станува збор за скулптура која беше избрана на конкурсот распишан 2008 година од Министерството за култура за поставување 35 скулптури во централното градско подрачје.
На конкурсот се јавија повеќе од 50 уметници, а понудените дела ги избираше стручно жири.
Авторот Ангел Димовски - Чауш е еден од наградените автори на скулптури кои беа поставени во текот на 2009 година.
Покрај парична награда од 30.000 денари или 500 евра, што согласно конкурсот на Министерството ја добива секој од избраните автори, за изработка на скулптурата на авторот му биле исплатени нешто над 23.000 евра.