Скулптурата „Еееј“ е пандан на скулптурата „Шмизла“ и е поставена во 2009 година во рамките на проектот на Министерството за култура со што започна реализацијата на „Скопје 2014“.

Автор на „Еееј“ е Димитар Филиповски кој ја изработи и скулптурата „Шмизла“, двете првично лоцирани една наспроти друга на улицата „Македонија“.

Станува збор за бронзена скулптура од 1,8 метри на момче кое се „довикува“ со „шмизлата“ наспроти него. Во јавноста, по поставувањето на двете скулптури се разви своевидна дебата за умешноста на изработката на фигуративното решение на авторот. Филиповски на јавниот конкурс на Министерството за култура за поставување над 35 скулптури во централното градско подрачје распишан во 2008 година, доби можност за изработка на три скулптури.

Покрај „Шмизла“ и „Еееј“, Филиповски е автор и на скулптурата „Заљубени“.

Освен паричната награда од 30.000 денари, за изработка на трите скулптури, Филиповски добил нешто над 5 милиони денари, односно 84.000 евра.

Достапни податоци за објектот

Вредност во евра:
28.527 €
Вредност во денари:
1.754.412 ден.
Вид на објект:
Скулптура
Статус:
Завршен
Документација:
Преземете документи

Инвеститори и изведувачи

Местоположба на објектот