База на податоци за згради, фасади, скулптури, споменици, фонтани и други видови објекти финансирани од јавни пари, кои го сочинуваат новиот лик на Скопје.
Мермерната апстрактна скулптура „Енергетски трансфер“ со димензии: 180 х 80 х 80 сантиметри е поставена пред МОБ во април 2009 година, во првиот бран на проектот „Скопје 2014“.
Скулпторот Сашо Саздовски ја потпишува и оваа апстрактна скулптура, една од двете одобрени од страна на стручната комисија во рамките на јавниот конкурс на Министерството за култура за поставување 35 скулптури во централното градско подрачје.
Двете скулптури на Саздовски, „Бесконечна интеграла“ и „Енергетски трансфер“, поставени во 2009 година, се изработени во мермер од рудникот за мермер „Бела Пола“ во Небрегово.
Саздовски добил парична награда од 30.000 денари, а за изработка на двете скулптури му биле исплатени нешто над милион и триста илјади денари, односно повеќе од 20.000 евра.