Скулптурата „Мачка“ од авторот Томе Аџиевски, беше поставена во јануари 2009 година пред киното „Култура“ во Центар.

Фигуративната претстава на мачка излеана во бронза е поставена на мал постамент од рустикален декоративен мермер и мермерна топка со дијаметар од 120 сантиметри.

Оваа скулптура на Томе Аџиевски на улицата „Македонија“, всушност, не е првата таква поставена скулптура од истиот автор. Тој ја потпишува и скулптурата на мачка, исто така на мермерна топка, која се наоѓа во дворот на училиштето АСУЦ.

Според зборовите на авторот, негови скулптури со иста тематика се дел од неколку приватни галерии и на други места.

„Фасциниран сум од формата на мачката и од идеологијата која низ неа се проткајува и ќе продолжам да ја работам и понатаму. Ми беше голема желба едно од овие мои дела да биде поставено во центарот на градот и поради тоа и се јавив на конкурсот“, вели Аџиевски.

Неговата скулптура беше избрана од стручното жири во рамките на конкурсот на Министерството за култура објавен во 2008 година за поставување 35 скулптури во централното градско подрачје.

Покрај парична награда од 30.000 денари, што согласно конкурсот на Министерството ја добива секој од избраните автори, за изработка на скулптурата се исплатени повеќе од 21.000 евра.

Достапни податоци за објектот

Вредност во евра:
22.103 €
Вредност во денари:
1.359.325 ден.
Вид на објект:
Скулптура
Статус:
Завршен
Документација:
Преземете документи

Инвеститори и изведувачи

Местоположба на објектот