Скулптурата „Македонија“, заедно со уште триесетина други, спаѓа во првите поставени објекти од проектот „Скопје 2014“.

Авторот Зоран Костовски е избран на јавен конкурс на Министерството за култура во 2008 година за изработка и поставување на 35 скулптури во централното градско подрачје.

Скулптурата беше првично поставена пред главниот излез на Македонската опера и балет, но поради изградбата на новата зграда на Агенцијата за електронски комуникации таа е размонтирана и дислоцирана. На ова реагираше авторот со тврдење дека дислокацијата е направена набрзина заради, во тоа време, најавената ревизија на новиот градоначалник на Центар Андреј Жерновски.

Покрај паричната награда добиена на конкурс од 30.000 денари, на авторот за изработка на скулптурата му се исплатени речиси 100.000 евра. Тој за медиумите појасни дека сумата е за десетина илјади евра помала поради данокот платен на авторската агенција.

„Самото Министерство уште од почетокот, на некој погрешен начин ги водеше скулптурите, на нас уметниците ни даде одредени средства да ги направиме делата, тие ги пуштија во авторска агенција и јас зедов 87 илјади евра“, изјави Костовски во 2013 година за „Нова ТВ“.

Достапни податоци за објектот

Вредност во евра:
99.888 €
Вредност во денари:
6.143.117 ден.
Вид на објект:
Скулптура
Статус:
Завршен
Документација:
Преземете документи

Инвеститори и изведувачи

Местоположба на објектот