Бронзената скулптура „Маски“ е поставена пред Театарот за деца и младинци во рамките на првичниот бран на проектот „Скопје 2014“.

Станува збор за релативно мала урбана скулптура со димензии 170 х 60 х 60 сантиметри на авторот Ристо Станковски, која претставува портрет опкружен со четири маски како симбол на театарот и на актерството.

„Актерите ја користат маската како главен инструмент, а таа воедно е и симбол“, изјави за медиумите Станковски, кој е автор на уште две скулптури што во релативно кус период беа поставени во Скопје, на скулптурите „Излет“ и „На кафе“.

Како и на другите автори од првичниот бран на проектот „Скопје 2014“, освен првата награда од стручното жири во висина од 30.000 денари, за изработка на трите скулптури му се исплатени дополнителни средства.

Скулптурата сѐ уште се наоѓа на местото на кое беше поставена во април 2009 година.

Достапни податоци за објектот

Вредност во евра:
21.783 €
Вредност во денари:
1.339.680 ден.
Вид на објект:
Скулптура
Статус:
Завршен
Документација:
Преземете документи

Инвеститори и изведувачи

Местоположба на објектот