Бронзената скулптура „На кафе“ е поставена во 2009 година, зад хотелот „Холидеј ин“ во рамките на првичниот бран на проектот „Скопје 2014“.

Автор на скулптурата е Ристо Станковски кој доби три први награди на конкурсот од 2008 година на Министерството за култура за поставување 35 скулптури во централното градско подрачје.

Критиките во јавноста дека е невкусно да се постават десетици скулптури на пешачки простор не подолг од еден и пол километар, авторот ги отфрла како нерелевантни.

„Во земјава навистина има многу малку урбани скулптури, но и стручни лица што се занимаваат со нив. Неинформираните граѓани, кои ги има во голем број, ги нарекуваат и споменици. Во центарот има премногу маси и столови, а не скулптури“, изјави младиот автор во текот на поставувањето на скулптурите.

Освен на оваа, Станковски е автор и на скулптурите „Маски“ и „Излет“, избрани од стручното жири ангажирано од страна на инвеститорот.

Како и на другите автори од почетоците на проектот „Скопје 2014“, освен првата награда за идејно решение во висина од 30 илјади денари, за изработка на трите скулптури заедно на Станковски му се исплатени дополнителни средства со еден договор.

Достапни податоци за објектот

Вредност во евра:
21.783 €
Вредност во денари:
1.339.680 ден.
Вид на објект:
Скулптура
Статус:
Завршен
Документација:
Преземете документи

Инвеститори и изведувачи

Местоположба на објектот