База на податоци за згради, фасади, скулптури, споменици, фонтани и други видови објекти финансирани од јавни пари, кои го сочинуваат новиот лик на Скопје.
„Просјак“ е бронзена скулптура поставена во 2009 на улицата „Македонија“, во првиот бран на проектот „Скопје 2014“.
Според авторката Наташа Божаровска инспирација за оваа скулптура доаѓа од христијанската каноника која има и социјална и духовна димензија. Нејзината оригиналост беше проблематизирана во паралела со слична скулптура на авторот Тимоти Шмалц на Христос, претставен како питач, кој се наоѓа во Отава.
Скулптурата била свечено откриена во април 2009 година на улица „Македонија“ во центарот на Скопје, наспроти скулптурата „Чевлар“. Таа е дел од замислата на Министерството за збогатување на градот со скулптури што резултираше со поставување на над 30 уметнички дела, претежно на најфреквентните места како улицата „Македонија”, вдолж и попреку, како и на кејот на Вардар во 2009 година.
Божаровска, освен паричната награда добиена на јавен конкурс од Министерството за култура од 500 евра, доби нешто над 13.000 евра за изработката.