База на податоци за згради, фасади, скулптури, споменици, фонтани и други видови објекти финансирани од јавни пари, кои го сочинуваат новиот лик на Скопје.
Брозената скулптура на риба на авторката Грозданка Каникова е дел од акцијата на Министертвото за култура за разубавување на центарот на градот со 35 нови скулптури.
Скулптурата беше свечено откриена на 23 ноември 2009 година во зеленилото на улица Македонија, наспроти хотелот „Бристол“.
Заради градење на две нови државни зградина тоа место, таа е дислоцирана и со месеци беше оставена во паркчето спроти Олимпискиот базен во Скопје, додека се чекаше дозвола за нејзино поставување од Oпштина Центар.
Интересно е што сите три авторски дела на Канинова кои беа избрани на јавниот конкурс на Министерството во 2008 година не се задржаа на првичната локација.
Освен „Риба“ дислоцирани се и нејзините скулптури „Набљудувач“ и „Девојче“.
Покрај сумата за изработка на трите наградени скулптури авотрката доби и парична награда од 30.000 денари.