База на податоци за згради, фасади, скулптури, споменици, фонтани и други видови објекти финансирани од јавни пари, кои го сочинуваат новиот лик на Скопје.
Скулптурата „Жена со гитара“ е поставена во април 2009 година, на почетокот на проектот „Скопје 2014“, кога се поставени над 30 скулптури во центарот на градот.
Станува збор за фигуративна скулптура од мермер на авторот Синиша Новески, поставена на кејот „13 Ноември“ во центарот на Скопје.
Новески е меѓу 26-те главно млади автори кои на јавниот конкурс на Министерството за култура распишан во 2008 година за поставување 35 скулптури, ја добива можноста за изработка на свои авторски дела.
Според отчетот на министерката за култура Канческа - Милевска во 2013, веднаш по локалните избори, овој проект, во рамките на „Скопје 2014“, заврши со реализација на 33 скулптури.
Покрај паричната награда од 30.000 денари од конкурсот, од Министерството за култура за изработка на „Жена со гитара“, Новески добил над 700.000 денари денари или нешто над 13.000 евра.