Скулптурата „Жирафа“ на Васил Николовски, поставена на просторот пред влезот на Природно-научниот музеј и Зоолошката градина.

Станува збор за скулптура висока 8,5 метри изработена од челик, поставена во 2009 година заедно со другите скулптури избрани на огласот на Министерството за култура по избор на стручно жири.

Акцијата за поставување во краток временски период на десетици скулптури е дел од проектот „Скопје 2014“.

Покрај сумата за изработка на скулптурата, авторот доби и парична награда од 30.000 денари односно 500 евра.

Достапни податоци за објектот

Вредност во евра:
19.654 €
Вредност во денари:
1.208.712 ден.
Вид на објект:
Скулптура
Статус:
Завршен
Документација:
Преземете документи

Инвеститори и изведувачи

Местоположба на објектот