Идејното решение за новиот објект на театарот „Центар“ е изработено уште во 2009 година, но објектот, иако најавуван, сѐ уште не е изграден.

Официјалните планови на надлежните овој објект да се гради по пат на јавно–приватно партнерство, при што идниот инвеститор би добил дел од зградата, не наидува на заинтересираност.

Последниот оглас за доделување договор за јавно приватно партнерство за Театар „Центар“ е поништено во јули 2015, затоа што не е добиена ниту една понуда.

Физибилити студијата за оправданост од воспоставување на јавно–приватно партнерство за изградба на овој објект ја изготви консултантската компанија „Грант Торнтон“.

Основниот проект е изработен од фирмата „Монтимпекс – инженеринг“, врз основа на идејното решение на архитектите Минас Бакалчев и Митко Хаџи–Пуља, кои, заедно со соработниците Никола Стрезовски, Саша Тасиќ, Бетим Зекири и Бесијан Мехмети ја добија првата награда од 400 илјади денари на јавниот конкурс.

Нивното дело е вреднувано од комисијата како инвентивно решение.

Во планираното здание, што треба да го замени постојниот монтажен објек на Македонскиот народен театар од 1965 година, со приземје и 10 ката, би се сместил театарскиот ансамбл, при што најголем дел од просториите во зградата би ги задржал приватниот инвеститор што би се согласил да гради.

Проценетата вредност на новиот објект изнесува околу 4 милиони евра, без вклучен ДДВ.

Достапни податоци за објектот

Вредност во евра:
633.840 €
Вредност во денари:
38.981.162 ден.
Вид на објект:
Зграда
Статус:
Незавршен
Документација:
Преземете документи

Местоположба на објектот