Промената на фасадата на зградата во која се сместени седиштата на енергетските компании ЕВН и ЕЛЕМ, во стилот на „Скопје 2014“, е одобрена во 2014 година.

Одобрението е издадено од Министерството за транспорт и врски, а деталниот урбанистички план е донесен од претходното раководство на општина Центар кога градоначалник беше Владимир Тодоровиќ од ВМРО ДПМНЕ.

Работите ги изведува скопската градежна компанија „Бетон“.

Преслекувањето во барок, како што оваа интервенција се нарекува во медиумите, ќе чини 4,3 милиони евра, кои заеднички ги обезбедуваат ЕВН и ЕЛЕМ.

Висококатницата на плоштадот „Македонија“ е изградена во 1962 година. Реконструкција беше извршена на крајот на 90-тите години, кога беше осовременет изгледот на фасадата и беа вградени современи материјали за изолација и за енергетска ефикасност.

Достапни податоци за објектот

Вредност во евра:
4.342.543 €
Вредност во денари:
267.066.381 ден.
Вид на објект:
Зграда
Статус:
Во тек
Документација:
Преземете документи

Местоположба на објектот