Проектот „Скопје 2014“, освен споменици, згради, плоштади и фонтани, вклучува и пре-фасадирање на предниот дел од постојните згради во центарот на градот.

За таа цел, Град Скопје од 2010 година започнува да распишува десетици конкурси и тендери, договори за градежни интервенции за кои досега потроши над 9 милиони евра.

Сите прифатени идејни решенија подразбираат нови фасади на зградите градени во постземјотресно Скопје во доминантниот архитектонски израз на „Скопје 2014“ именуван како: „барок“ „неокласичен“ или само како „историски“.

Голем дел од објектите се реконструираат врз основа на идејните решенија на авторите Жарко Чаушевски и Звонко Ставрески, во чии професионални биографии се запишани и бројни други архитектонски решенија од проектот „Скопје 2014“.

Проектот за реконструкција на фасадите за централното градско подрачје е почнат во 2010, кога градоначалник на општина Центар е Владимир Тодоровиќ.

Откако медиумите пренесоа фотографии на згради со барокни фасади кои од внатрешниот дел се руинирани и запуштени, од Градот соопштија дека „уште на почетокот беше договорено Град Скопје да го обнови предниот дел на фасадите, а општина Центар да ја обнови задната страна“.

За измена на фасадите, Градот добил согласност од станарите. Со потфатот најмногу се таргетирани зградите на улиците „Македонија“, „Димитрие Чуповски“, „Никола Вапцаров“, кеј „13 Ноември“ и бул. „Илинден“, односно сите оние во чијашто близина се изградени барокни објекти, споменици или плоштади.

Достапни податоци за објектот

Вредност во евра:
14.059.814 €
Вредност во денари:
864.678.591 ден.
Вид на објект:
Фасада
Статус:
Во тек
Документација:
Преземете документи

Местоположба на објектот