• Обновено на 05.01.2018 година во 15:09 ч.
  • |
  • mk
  • |
  • en
  • |
лого на ПРИЗМА

Скопје 2014 под лупа

База на податоци за згради, фасади, скулптури, споменици, фонтани и други видови објекти финансирани од јавни пари, кои го сочинуваат новиот лик на Скопје.

копче за Google Play НАСКОРО И НА iOSкопче за iStore
  • Почетна
  • Напредно пребарување
  • Дознајте повеќе
  • Насоки за користење

Истражувања поврзани со „Скопје 2014“

Нова поплава од „барок“

Скулптури, релјефи, многу столбови и декорации во златна боја се замислата на архитектот Жарко Чаушевски за шест згради во строгиот центар на Скопје

Нови 80 милиони евра за менување на Скопје

Иронична случајност – „Скопје 2014“, термин со кој го именуваме потфатот за менување на изгледот и идентитетот на градот, една година по објавувањето на базата на податоци на БИРН порасна точно толку колку што првично беше најавено дека ќе чини целиот проект – 80 милиони евра.

Проектот „Скопје 2014“ продолжува и во 2015

Менувањето на ликот на градот нема да заврши со завршувањето на годината. Нови објекти, плоштади, фонтани и преоблекување на фасадите во барок се само дел од зафатите што ги најавуваат властите за наредната 2015 година. БИРН направи првични пресметки за тоа уште колку ќе се шири и надградува „Скопје 2014“ во наредната година.

Како е креирано Скопје 2014

Еден од најконтроверзните проекти на актуелната власт „Скопје 2014“ за својот идеолог го има директно премиерот Никола Груевски . Од аудио разговорите кои денеска ги објави опозицијата, може да се слушне како Груевски се инспирирал преку примери што ги видел од други држави.

Преслекување на Скопје: од готово - вересија

Додека поголемиот дел од јавноста молчи, 420 милиони денари од парите кои токму од нивните џебови се одлеваат како даноци во буџетот на градот, ќе се трошат за скап, идеолошки мотивиран и неквалитетен „фејс-лифтинг“ загледан во минатото

Стан и „Ауди А4“ од власта за здружението што донира споменици

Возило „Ауди А4“, деловен простор во центарот на Скопје, без надомест и голем број грантови од Владата има добиено Здружението за духовно обединување на Сетинци – Попадинци и Крушоради кое се јавува како донатор на седум споменици во центарот на Скопје.

Скопје 2014: Седум пати поскапо, три пати поголемо

Цената на новиот изглед на Скопје, според истражувањето на БИРН, претставено преку базата на податоци „`Скопје 2014` под лупа“ и официјална документација, од првично најавените 80 милиони евра, има скокнато на над 560 милиони евра, a од првично најавените четириесетина споменици и објекти се стигнало до над 130.

Авторите на „Скопје 2014“ го сменија изгледот на градот, но заборавија на отчетот

БИРН дојде до договорите потпишани со авторите, кои се објавени во Базата на податоци за „`Скопје 2014` под лупа“. Пресметките на авторите често содржат округли суми, не се наведени детали за тоа колку и кои работници биле ангажирани, кој хангар бил изнајмен или пак, што значи ставката „останати ситни трошоци“ која во некои случаи стигнува и до 5.000 евра.

„Скопје 2014“ со верски и комерцијални објекти

Дел од објектите на „Скопје 2014“ , за кои парите ги даваат приватниците, првично биле замислени како објекти што ќе ги платат државните институции. Такви се црквата Св. Константин и Елена на улица „Македонија“ и Шпанските скали на скопскиот плоштад.

Контоминас го почна, Самсоненко ќе го финишира Офицерскиот дом

Сергеј Самсоненко ја презема скопската компанија на контрoверзниот грчки бизнисмен Контоминас која се обврза да го возобнови Офицерскиот дом и да изгради барокен хотел на плоштадот.

„Скопје 2014“ низ споменици, галии и сендвичарници

Анонимно здружение донира седум споменици, приватници на иницијатива на власта градат галии и барокни сендвичарници во Вардар и во центарот на Скопје.

„Забетонирано“ секое трето евро од „Скопје 2014“

Скопски „Бетон“ учествувал во изградбата на триесетина објекти што се дел од проектот и за нив потрошил повеќе од 182 милиони евра. Речиси секое трето евро што власта го дала за „Скопје 2014“ отишло во рацете на компанијата на Минчо Јорданов.

Дваесет милиони евра за изградба на двата „барокни“ факултета

Базата на податоци на БИРН покажува дека „Скопје 2014“ досега чини 633 милиони евра, речиси 8 пати повеќе од првично најавените 80 милиони евра. За овој проект, годишно се трошат по 90 милиони евра, месечно по 7,5 милиони, дневно по 250.000 евра, односно 10.416 евра на час.

„Скопје 2014“: Првин се раѓа споменикот, а потоа идејата за него!?

Најголем дел од личностите за кои биле подигани спомен-обележја, пост фестум се внесени во Програмата за споменици, откако веќе биле склучени договори за нивна изработка. Досието „Скопје 2014“ заради овие и други незаконски процедури две години е во рацете на Обвинителството, извесен период и под лупа на финансиската полиција, но засега нема сигнали за расплет.

Да не се родеше „Скопје 2014“, ќе се преродеше цела економија

Парите потрошени на проектот „Скопје 2014“ се 40 % од вкупната сума вложена во капитални инвестиции во последниве шест години во Македонија. БИРН истражува за што можеа и какви економски ефекти ќе дадеа 633 милиони евра потрошени за промена на ликот на главниот град да беа вложени во патишта, железници, хидроцентрали или гасовод.

Ситни набавки – високи цени за Музејот на ВМРО

Министерството за култура за Музејот на ВМРО нарачувало аспиратори, фрижидери, машини за садови, монитори, ВЦ-школки и аудио опрема за цени неколкукоратно повисоки од малопродажните. ВЦ-школките во музејот чинат 9.000 денари, фрижидерот 100.300 денари, LED мониторите 46 илјади денари, а едно столче 40.000 денари.

Фасада по фасада, до барокна опсада

Досега, за реконструкција на фасади во центарот на Скопје, се потрошени 10,2 милиони евра. Ако на ова се додадат дополнителните 6,6 милиони евра (кои засега се на ниво на проценета вредност), барокните фасади само во централното градско подрачје ќе достигнат сума од околу 17 милиони евра

Градежниците се офајдија од „Скопје 2014“

Повеќе од две третини од целата сума за „Скопје 2014“ завршија кај Бетон, Гранит, Страбаг АГ, Бетон Штип и Бауер БГ. Тие останаа имуни на економската криза, токму поради ангажманот од државата. Растот на градежништвото статистички го замаскира падот на економската активност.

  • лого на USAID
  • лого на BIRN

Проект за истражувачко новинарство и соработка помеѓу медиумите и граѓанскиот сектор - Програма на УСАИД за зајакнување на независните медиуми во Македонија

Информациите на оваа страница не се официјални информации од Владата на САД и не ги претставуваат гледиштата или ставовите на УСАИД или Владата на САД.

Содржините се достапни под меѓународната лиценца Creative Commons Attribution 4.0.

  • Насоки за користење
  • Истражувања
  • Дознајте повеќе
  • Импресум
  • Контакт
  • Призма
  • Балканска истражувачка репортерска мрежа