База на податоци за згради, фасади, скулптури, споменици, фонтани и други видови објекти финансирани од јавни пари, кои го сочинуваат новиот лик на Скопје.
Новата зграда на Македонската филхармонија почна да се гради во март 2009 година, а нејзиното отворање се случи 8 години подоцна во мај 2017.
Доцнењето на објектот се должи на банкротот на австриската градежна фирма „Алпине Бау“, која првично беше задолжена за за негова изградба
По раскинување на договорот со „Алпине Бау“, изградбата на карабината ја продолжи скопската градежна фирма „Гранит“, а објектот го уредува австриската фирма „Страбаг".
Објектот е изграден според идејното решение на архитектот Виктор Михајлов и поради својот модерен стил е еден од ретките од проектот „Скопје 2014“ кој не предизвика критики на изгледот.
Новата зграда има две сали, голема со 1.000 седишта, и мала со 310 седишта, од кои 168 се фиксни, 110 се телескопски и 32 се мобилни седишта. На акустиката работеше Јорг Кумел, еден од најпознатите акустичари во светот
Сепак, отворањето на новиот Дом за филхармонијата со концертот на прочуениот Симон Трпчески и рускиот диригент Владимир Ашкенази беше проследен со коментари во јавноста заради присуството на раководството на партијата ВМРО ДПМНЕ на чело со лидерот кој иако задоцни беше пречекан со аплауз во публиката и благодарница од директорката на Филхармонија што беше окарактеризирано како политизација на настанот.