Музејот на македонската борба се наоѓа на левиот брег од реката Вардар и се препознава како еден од доминантните објекти во рамките на проектот „Скопје 2014“.

Музејот беше изграден во периодот од 2008 до 2011 година и официјално отворен на 8 септември 2011 година, по повод дваесетгодишнината од прогласувањето на независноста на Република Македонија.

Тој се состои од тринаесет одделенија од кои секое одделно ја претставува историјата на македонскиот народ во различни периоди.

Во музејот се наоѓаат 109 восочни фигури од личности од македонската историја, поголем број примероци на оригинално оружје, оригинален мебел, масовни сцени, документи и други експонати.

Според достапните податоци на Јавни набавки и документи добиени според Законот за пристап до информации од јавен карактер, за овој објект се склучени над 80 договори со физички и правни лица.

Најголемиот дел од договорите (околу 50) се склучени за изработка на масовните сцени, уметничките слики и портретите.

Склучени се 4 основни договори – два со „Бетон Штип“, „Десигн Фантаси“ и „Касвер Ц“. Со дополнителен анекс е ангажирана и фирмата „Сретен извоз-увоз ДООЕЛ Скопје“.

Целиот проект чини над 12 милиони евра.

Достапни податоци за објектот

Вредност во евра:
16.992.208 €
Вредност во денари:
1.045.020.814 ден.
Вид на објект:
Зграда
Статус:
Завршен
Документација:
Преземете документи

Инвеститори и изведувачи

Инвеститори:
Автори:
Градежна фирма:
Останато:

Местоположба на објектот