Скопскиот плоштад „Скендербег“ ќе ги поврзе општините Чаир и Центар, а се гради , во неколку фази, почнувајќи од јужниот приод на Старата скопска чаршија.

Kамен темелникот за изградба на плоштадот беше поставен на 17 јануари 2012 година. Првата фаза заврши со неколкумесечно задоцнување поради банкротот на австриската фирма „Алпине бау“ во пролетта 2013 година.

Предвидено е плоштадот да се протега на површина од 28.674 квадратни метри, сѐ до објектот на Македонската филхармонија. За таа цел се врши премостувањето на булеварот „Гоце Делчев“. Задачата ѝ е доделена на фирмата „Бауер БГ“.

Истовремено, општина Чаир распиша Конкурс за избор на идејно решение за изработка на мозаици за надземен пешачки премин. Избрано е решението на Јосиф и Лиљана Дробонику, Тома Томаи Џамо и Невзат Бејтули.

По завршувањето на втората фаза, ќе биде распишан тендер за изведба на третата фаза, со која е предвиден подземен паркинг на две нивоа со капацитет од 400 возила на местото на постојниот паркинг кај стоковната куќа „Илинден“.

Идејното решение за изградба на плоштадот „Скендербег“ го изработи бирото „Архи Груп“. Автори на идејното решение се архитектите Бетим Зеќири, Бекир Адеми и Бесиан Мехмети.

Проектот го финансираат Владата на Република Македонија и општина Чаир.

Достапни податоци за објектот

Вредност во евра:
14.178.658 €
Вредност во денари:
871.987.484 ден.
Вид на објект:
Плоштад
Статус:
Во тек
Документација:
Преземете документи

Местоположба на објектот