Учителската школа е некогашна педагошка образовна установа во кругот на денешната општина Центар во Скопје. Во 1963-та објектот е урнат во катастрофалниот земјотрес.

Изградбата на поранешната Учителска школа, прв пат беше најавена од страна на лидерот на ВМРО ДПМНЕ во февруари 2016 како дел од промоцијата на „седум нови мерки и проекти за младите“ во пресрет на тогаш планираните, но потоа одложени предвремеи избори на 24 април.

Обновувањето на Старата учителска школа е дел и од предизборниот говор на Никола Груевски во ноември 2016 во пресрет на изборите на 11 декември.

Објавата на конкурсот за избор на идејно решение во септември 2016 во јавноста беше протолкувана како порака за продолжување на идејата за наметнување доминантно неокласицистички идентитет на градот, сведена под максимата Скопје 2014.

Во новата „Стара учителска школа“ е предвидено да се сместат Факултетот за ликовни уметности при УКИМ и Ликовната академија од штипскиот Универзитет „Гоце Делчев“.

Достапни податоци за објектот

Вредност во евра:
85.351 €
Вредност во денари:
5.249.093 ден.
Вид на објект:
Зграда
Статус:
Во тек
Документација:
Преземете документи

Местоположба на објектот