Новата административна зграда на ЈП „Водовод и канализација“ која се гради под скопското Кале, веднаш до новата Градска куќа е во доминатниот архитектонски стил на „Скопје 2014“.

Камен - темелникот на зградата е поставен во декември 2011 и тогаш беше најавено дека ќе биде завршена за три години и ќе чини десет милиони евра.

Неполни четири години, сумата во која не влегува внатрешното уредување на објектот, е дуплирана.

За финансирање на градењето, ЈП „Водовод и канализација“ во 2014 година подигна кредит од 7,3 милиони евра,ставајќи ја зградата во градба под хипотека.

Задолжувањето на јавното претпријатие е одобрено од советниците на Град Скопје и покрај спротивставувањето на опозицијата.

Идното седиште на „Водовод и канализација“ ќе се простира на корисна површина од преку 10.000 квадратни метри, од кои половината се наоѓа во подземниот дел на објектот, каде што ќе има и гаража со капацитет за 138 возила.

Објектот кој има пет ката и три подземни нивоа се изведува врз основа на идејното решение на авторот Жарко Чаушевски.

Достапни податоци за објектот

Вредност во евра:
21.398.288 €
Вредност во денари:
1.315.994.740 ден.
Вид на објект:
Зграда
Статус:
Завршен
Документација:
Преземете документи

Местоположба на објектот