Зградата на АЕК, сместена на левата страна на Вардар, е дел од првичната анимација за „Скопје 2014“. Според основниот договор, таа требаше да чини 8,5 милиони евра, но во текот на изградбата сумата се зголеми за дополнителни три милиони.

Објектот кој е во издолжена форма со фасада во комбинација со стакло и склуптури на покривот и на влезот, се протега на површина од над 3 илјади квадратни метри.

Финансиите ги обезбеди АЕК од сопствениот буџет, а клучниот аргумент со кој се оправдуваше градењето е ослободување од давачките што Агенцијата ги плаќа за наем.

„Со изградбата на зградата автоматски ќе се ослободиме од давачките за изнајмување простор што ги имаме сега“, посочи тогашниот директор Роберт Орданоски кој заедно со премиерот Груевски, симболично го поставија камен-темелникот во 2011 година.

Најголем дел од потрошените средства се исплатени на градежната фирма „Гранит“. Тендерот „Гранит“ го добива во конкуренција со осум понудувачи, иако нивната понуда не била најевтина.

Допонителниот договор за внатрешното уредување, над милион евра, исто така му е доделен на „Гранит“ и тоа со преговарање без претходно објавување оглас, „бидејќи таквите дополнителни работи или услуги не можат да бидат технички или економски одделени од основниот договор, без поголеми проблеми за договорниот орган“, образложи инвеститорот.

Достапни податоци за објектот

Вредност во евра:
11.486.234 €
Вредност во денари:
706.403.366 ден.
Вид на објект:
Зграда
Статус:
Завршен
Документација:
Преземете документи

Местоположба на објектот