База на податоци за згради, фасади, скулптури, споменици, фонтани и други видови објекти финансирани од јавни пари, кои го сочинуваат новиот лик на Скопје.
Двете фонтани во реката Вардар се пуштени во јуни 2011 година, едната е поставена во линија на Стариот театар, а другата пред Уставниот суд.
На средина имаат по една поголема цевка, која треба да испушта млаз од 20 метри, а околу нив по осум помали цевки што прскаат до седум метри во висина. Фонтаните имаат и подводни рефлектори кои ги осветлуваа водоскоците.
Подготвителите работи за поставување на фонтаните започнаа уште есента 2009 година, изградбата се пролонгираше една година, а откако се пуштени, подолги се периодите на нивно нефункционирање, отколку кога работат, поради зимскиот период, запушувањето на цевките или нискиот водостој на реката.
Изведувач на фонтаните беше италијанската фирма „Ла Моне Мореда“, а финансиер општина Центар.
Сумата која според ревизијата на општина Центар направена по смената на раководството на локалната самуправа во 2013 година е дека изградбата на двете фонтани чинела 1,1 милиони евра.
Она, пак, што се дозна од отчетот на Тодоровиќ по локалните избори, беше дека само за одржување на овие две фонтани, заедно со фонтаната „Воин на коњ“, општината плаќала вкупно 145.000 евра годишно.