База на податоци за згради, фасади, скулптури, споменици, фонтани и други видови објекти финансирани од јавни пари, кои го сочинуваат новиот лик на Скопје.
Новата зграда на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје е лоцирана во кампусот на скопскиот Универзитет „Св. Кирил и Методиј“.
Одлуката за нејзино градење, заедно со зградата на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) е донесена од Министерството за образование, при што, како што вели деканот на Архитектонскиот факлутет во Скопје, Влатко Коробар, „не е почитувана ниту автономијата во одлучувањето, ниту универзитетскиот простор“.
На конкурсот за идејно решение за овој објект, како и за зградата на ФИНКИ избрано е решението на Жарко Чаушевски, директор на „Архитектоника“.
Градот Скопје го ослободи инвеститорот (Министерството за образование) за 60 отсто од надоместоците за уредувањето на земјиштето, односно околу милион евра за комуналии.
Договорот за изградба е склучен со фирмата „Бетон – Штип“, која на електронската аукција понудила најниска цена, односно 5,9 милиони евра.