По три години реконструкција, во пролетта 2015, новата неокласична ја замени старата фасада на Министерството за правда во центарот на Скопје, над некогашниот ресторан „Мекдоналдс“.

Според првичните најави, реконструкцијата требаше да чини 2,9 милиони евра, но како и во случајот со другите објекти најавени како дел од „Скопје 2014“, се појавија непридвидени трошоци што ја зголемија цената.

Според достапните документи, фасадата го чини буџетот на Министерството за правда над 3,4 милиони евра.

Нејзиниот неокласицистички изглед предизвика дебати во јавноста, а на неа реагираше и градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, кој го замени Владимир Тодоровиќ во 2013 година.

„Засрамувачки кич! Не можам да го разберам овој невкус, ова дивјачко унакажување на нашиот град. Колкава ли фрустрација се крие во нив“, го пренесоа медиумите Фејсбук статусот на Жерновски во март 2015.

Достапни податоци за објектот

Вредност во евра:
3.680.686 €
Вредност во денари:
226.362.195 ден.
Вид на објект:
Фасада
Статус:
Завршен
Документација:
Преземете документи

Местоположба на објектот