Површинската фонтана на просторот помеѓу Камениот мост и споменикот „Воин на коњ“ на плоштадот „Македонија“ е пуштена во употреба во јуни 2015.

Таа има правоаголна форма, со димензии 20 х 10 метри и 128 прскалки илуминирани со LED светилки.

Фонтаната е дел од потфатот, за кој е донесена одлука само неколку години од целосната реконструкција на централниот градски плоштад за повторно партерно уредување во периодот 2003- 2004 година.

Извршено е ново поплочување, гранитните плочки со кои беше заменета некогашната коцка се отстранети, а коцката е вратена, дополнета и со мермерни плочки и мозаик. Поради градежните зафати, плоштадот со години беше непрооден за граѓаните, а неколку споменици се дислоцирани.

Иако е под ингеренции на градската управа, Владата се одлучи да издвои две третини од неопходните финансиски средства потребни за завршување на преуредувањето.

Изведувач на градежните работи е „Трансмет“ од Скопје, додека проектната документација ја изработи Јавното претпријатие за просторни и урбанистички планови – Прилеп.

Според документацијата, потфатот за повторно преуредување на плоштадот „Македонија“ чини над 2,4 милиони евра, што иницираше критики во јавноста заради одлуката да се трошат буџетски средства на фонтани кои не се приоритет за населението.

Достапни податоци за објектот

Вредност во евра:
2.560.110 €
Вредност во денари:
157.446.782 ден.
Вид на објект:
Фонтана
Статус:
Завршен
Документација:
Преземете документи

Инвеститори и изведувачи

Местоположба на објектот