На 3 јуни 2011 година почна изградбата на Градска куќа за потребите на администрацијата на Град Скопје.

Новиот објект, во неокласичен стил, требаше да биде готов за четири години, но тој сѐ уште се гради на улицата „Лазар Личеноски“, под скопското Кале, на локацијата на поранешните бараки на ЈП „Водовод и канализација“.

Таму треба да бидат: кабинетот на градскиот татко, Архивата на Град Скопје, салата за Советот, како и други простории за градската администрација.

Автори на идејното решение се архитектите Иван Кокалановски и Борче Стојковски кои ја добија првата награда на јавниот конкурс за овој објект и договор за проектирање и надзор.

Градската куќа е еден од ретките објекти од проектот „Скопје 2014“ кои се дел од програмата на ВМРО ДПМНЕ.

За неговата изградба беше најавено дека ќе бидат потрошени 900 милиони денари, односно 1,4 милиони евра, но само договорот за изградба со ГП „Бетон“ е тежок повеќе од 16 милиони евра.

„Бетон“ ја доби зделката на јавен тендер, со еден противкандидат, по пат на електронска аукција.

Достапни податоци за објектот

Вредност во евра:
20.551.516 €
Вредност во денари:
1.263.918.241 ден.
Вид на објект:
Зграда
Статус:
Незавршен
Документација:
Преземете документи

Местоположба на објектот