Споменик на војводата Христо Узунов е поставен на локацијата позната како „Ловец“ во центарот на Скопје.

Овој споменик е направен во чест на истоимениот македонски учител, војвода и реонски началник на четите на македонската револуционерна организација во Охридскиот револуционерен округ.

На конкурсот што го распиша општина Центар за идејно решение на паметникот се јавиле 25 автори. Прва награда од 200.000 денари добил Сокол Цфарку, втора од 120.000 денари - Ангел Коруновски, а трета од 60.000 денари - Билјана Алексоска Треневска.

Цфарку го потпишува и договорот за изработка на скулптурата и релјефите.

Спомен-обележјето е поставено во раните утрински часови на осми април 2013 година, во период на таканаречена постизборна споменична инвазија во Скопје, веднаш по локалните избори на кои дојде до промена на силите во општина Центар каде што загуби кандидатот на владејачката ВМРО ДПМНЕ, Владимир Тодоровиќ.

За да се постави овој петметарски споменик на локацијата што му е одредена, оттаму беше тргната претходно поставената скулптура „Набљудувач“, исто така дел од проектот „Скопје 2014“, што ги засили критиките дека проектот се реализира стихијно и неплански.

Достапни податоци за објектот

Вредност во евра:
264.440 €
Вредност во денари:
16.263.054 ден.
Вид на објект:
Споменик
Статус:
Завршен
Документација:
Преземете документи

Инвеститори и изведувачи

Инвеститори:
Автори:
Градежна фирма:
Леарници:

Местоположба на објектот