Овој објект од проектот „Скопје 2014“ се наоѓа веднаш до Министерството за надворешни работи, покрај реката Вардар.

Новата зграда во која се сместени Јавното обвинителство на Македонија, Основното и Вишото јавно обвинителство-Скопје, како и Финансиската полиција, е пуштена во употреба на 11 октомври 2013, три години по поставувањето на камен-темелникот.

Зградата со цилиндрична форма располага со површина од 9.620 квадратни метри и таа вклучува по четири сали за препознавање и сослушување, две конференциски сали, просторија за средба на адвокатите со своите клиенти, ресторан и кафе–бар за вработените.

Градежните работи ги изведе скопски „Бетон“ според проектот од ДИГПГ „Полар“ ДООЕЛ, додека за надзор беше ангажиран Градежниот институт „Македонија“ АД.

Достапни податоци за објектот

Вредност во евра:
14.734.199 €
Вредност во денари:
906.153.230 ден.
Вид на објект:
Зграда
Статус:
Завршен
Документација:
Преземете документи

Местоположба на објектот