База на податоци за згради, фасади, скулптури, споменици, фонтани и други видови објекти финансирани од јавни пари, кои го сочинуваат новиот лик на Скопје.
Споменикот на Јосиф Багери е резултат на коалицискиот договор на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ за застапеност на албански дејци во проектот „Скопје 2014“
Иницијативата на ДУИ од 2010 година „Скопје 2014“ да ја отсликува мултиетничноста на државата беше усвоена и од советниците на општина Центар, по што е распишан конкурс за идејни решенија за три споменици, меѓу кои и на споменикот на Јосиф Багери, католички свештеник кој учествувал во подготвувањето на албанската азбука.
Идејното решение на Муамер Садику од Гостивар е првонаградено на јавниот конкурс објавен во 2010 година.
Покрај паричната награда, авторот доби и 57.000 евра за изработка на споменикот.
Ова предизвика реакции во албанските медиуми кои забележаа дека паметникот „Јосиф Багери“ не стана реалност за одбележување на 100-годишнината од неговата смрт, на 15 јуни 2015 година, туку во 2016 година