База на податоци за згради, фасади, скулптури, споменици, фонтани и други видови објекти финансирани од јавни пари, кои го сочинуваат новиот лик на Скопје.
Споменикот на Јустинијан I е откриен на 16 јуни 2011 година како дел од проектот „Скопје 2014“.
Скуплтурата на византискиот цар и император е изработена од бел мермер со висина од пет метри, а е поставена на постамент, исто така изработен од бел мермер, со висина од 3,5 метри. На постаментот има бронзени релјефи со површина од 10,5 квадратни метри.
Автор на делото е Роза Павлеска, а изработувач е уметничката галерија „Пиетро Базанти е Фиљо“ и уметничката леарница „Фердинандо Маринели“ од Фиренца, Италија.
Монументалниот мермерен споменик се наоѓа на десната страна од кејот на Вардар во близина на Камениот мост.