Катната гаража со деловен простор „Судска палата“ е во близина на комплексот на судовите, до новиот објект на Кривичниот суд на булеварот „Гоце Делчев“.

Објектот беше пуштен во употреба во февруари 2013 година, меѓутоа гаражата во еден свој дел беше нефункционална, откако беше поплавена од поројни дождови во 2014 година. Тогаш се јавија проблеми со инсталацијата, прокиснување на плафонот и распаѓање на ѕидот на одредени места.

Изведувачот ГП „Бетон“, како што соопштија од општина Центар која стопанисува со објектот, ги санирал пропустите во рамките на гаранцијата неоптоварувајќи го буџетот.

При поставувањето на камен - темелникот на овој објект, тогашниот градоначалник на општина Центар, Владимир Тодоровиќ, информира дека од вкупната сума за инвестицијата 2,5 милиони евра се обезбедени како кредит од НЛБ Тутунска банка, а останатите 2,5 милиони требало да се добијат од продажбата на деловните простории.

Меѓутоа интересот за откуп на деловниот простор бил исклучително мал, па општина Центар донесе одлука, во овој објект да се адаптираат канцеларии за вработените на „Паркинзи - Центар“.

„Откако сум јас градоначалник, иако беше намалена цената за продажба на деловниот простор, немаше интерес за купување и затоа се решивме дел од него да му го дадеме на нашето јавно претпријатие, кое и така стопанисува со овој објект“, изјави во мај 2015 година градоначалникот Андреј Жерновски.

Достапни податоци за објектот

Вредност во евра:
5.744.163 €
Вредност во денари:
353.266.000 ден.
Вид на објект:
Катна гаража
Статус:
Завршен
Документација:
Преземете документи

Инвеститори и изведувачи

Местоположба на објектот