База на податоци за згради, фасади, скулптури, споменици, фонтани и други видови објекти финансирани од јавни пари, кои го сочинуваат новиот лик на Скопје.
Промената на фасадата на енергетската компанија МЕПСО беше побарана од општина Центар во јануари 2013 година.
Со одлуката, седиштето на МЕПСО, наместо сегашната стаклена фасада, треба да добие столбови во антички стил и нов стилизиран покрив. Освен реконструкцијата на надворешниот изглед, објектот ќе добие и обнова на дел од внатрешноста.
Причините кои од МЕПСО ги навеле во барањето до општината Цетар се дека „со новото фасадно решение на објектот, тој ќе добие усогласување со контекстот на градбите во непосредна близина на објектот, како и подобрување на енергетската ефикасност и заштеда во трошоците за одржување на објектот“.
За остварувањето на овој проект досега се издвоија финансиски средства во висина од над 650 милиони денари, односно над 10,5 милиони евра.
Екипите на градежната фирма „Бетон“ од Штип веќе ја изведуваат новата класицистичка фасада на административно–деловното здание на оваа државна компанија.