Новата зграда на МНР е свечено пуштена во употреба во октомври 2012 година, а почна да се гради во април 2010.

Црвената лента ја пресекоа претседателот Ѓорге Иванов, премиерот Никола Груевски и министерот за надворешни работи, Никола Попоски.

„Севкупно, инвестиравме околу 13,5 милиони евра и добивме еден од најубавите објекти кои го красат центарот на нашиот главен град. Сепак, естетската убавина е само надополнување на функционалноста на овој објект“, изјави премиерот Груевски на отворањето.

Достапната документација покажува дека за објектот, проектиран од архитектите Лидија и Благоја Стојановски, се потрошени 19,8 милиони евра. Во оваа сума не е вклучено партерното уредување на зградата.

Објектот се состои од 2 подземни нивоа, приземје и 7 ката. На последниот кат се поместени скулптури на светски државници кои заедно со скулптурите на влезот на објектот предизвикаа критики од стручната јавност и медиумите.

Достапни податоци за објектот

Вредност во евра:
19.899.230 €
Вредност во денари:
1.223.802.655 ден.
Вид на објект:
Зграда
Статус:
Завршен
Документација:
Преземете документи

Местоположба на објектот