База на податоци за згради, фасади, скулптури, споменици, фонтани и други видови објекти финансирани од јавни пари, кои го сочинуваат новиот лик на Скопје.
Мостот Мајка Тереза е мост преку реката Вардар што ги поврзува булеварите „Кочо Рацин“ и „Крсте Мисирков“ во близина на МАНУ.
Изграден е во 1963 година, а комплетно саниран и реконструиран во 2011 година. Обновата на мостот започна во 2010 година. Во тие рамки е извршена санација на оштетените бетонски делови на надворешната страна на мостот, а отстранети се и старите оштетени пешачки патеки и заменети со нови.
Во текот на градежните работи била извршена и заштита на инсталациите што минуваат преку мостот. Реконструкцијата го видоизмени мостот првенствено со новата ограда и осветлувањето, кои се направени според идејното решение на Зоран Јордановски.
Новата ограда на мостот е изработена од ковано железо, обоено во златна боја во која се монтирани украсни канделабри.
Мостот дополнително го осветлуваат 10 столба од постојното улично осветлување. Контурите на мостот ги нагласува линиско осветлување од 114 светилки со светлечки диоди, а на лаците се поставени 6 рефлектори.